Doga Kirmizioglu
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) одлучи да ја продолжи забраната за учество на Русија на меѓународни натпревари, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот со кој претседавал Рун Андерсен, експерт за антидопинг на ИААФ, станало збор за забраната за учестото на Русија на меѓународни натпревари, која сѐ уште е во сила.
Исто така, било истакнато дека забраната којашто е во важност од април дала позитивни резултати на неколку полиња во борбата со допингот на Серуската атлетска федерација (АРАФ) и учесниците се согласиле дека е потребно да се продолжи со истрагата на ситуацијата.
Во образложението се информира дека за последните резултати во борбата против допингот во Русија, на 9. декември свој извештај ќе даде канадскиот професор по право, Ричард Мекларен. На состанокот е договорено во јануари во Русија да заминат претставници на ИААФ, каде што ќе бидат направени одредени испитувања.
Во февруари 2017 година, ИААФ ќе одржи состанок на кој ќе се сумираат резултатите и ќе бидат дадени насоки за завршување на оваа забрана за Русија. Со оваа одлука, руските атлетичари нема да можат да учествуваат на Европското првенство во сала, кое во Белград го организира Атлетската федерација на Србија.
Светската антидопинг агенција на германската телевизија изнесе соопштение дека за спроведување на истрага за систематските обвинувања за допинг задолжиле независна комисија којашто во својот извештај вели: „Со поддршка од Владата на Русија се поддржува допингот“, по што ИААФ во ноември 2015 година го замрзна членството на АРАФ и на руските атлетичари на одреден период им е забрането да учествуваат на меѓународни натпревари.
Поради продолжувањето на забраната во јуни, руските атлетичари не можеа да учествуваат на Олимписките игри во Рио 2016.