Burak Bir
16 Ноември 2024•Ажурирај: 18 Ноември 2024
ЛОНДОН (АА) - Британскиот пратеник Џереми Корбин денеска во Лондон беше нападнат од група про-израелски демонстранти пред местото на одржување на Конференцијата против расизмот, известува Анадолу.
Инцидентот се случи кога Корбин, истакнат политичар и поранешен лидер на Лабуристичката партија, требаше да влезе во зградата како еден од говорниците на настанот.
Демонстрантите му пришле викајќи по него и обвинувајќи го за антисемитизам пред неговиот говор на панелот за расизам и антисемитизам.
Обезбедувањето интервенирало за да спречи ескалација на инцидентот.
Подоцна се поставени барикади меѓу местото на одржување на настанот и про-израелските демонстранти, кои држеа транспарент на кои пишувало „Престанете со лагите. Нема геноцид во Газа“.
Израелските сили убија речиси 44.000 Палестинци во нападите врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година и повредија повеќе од 103.000. Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа и ги прекина синџирите за снабдување со храна, вода, лекови и хуманитарна помош. Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.