Tayfun Salcı
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
ЛОНДОН (АА) - Џереми Корбин, лидерот на главната британска опозициска Работничка партија, истакна дека во случај неговата партија да дојде на власт, ќе ја признае палестинската држава, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веднаш штом ќе дојдеме на власт, ќе ја признаеме палестинската држава“, нагласи Корбин во својот говор на Конгресот на својата партија во Ливерпул.
Тој ја опиша како злосторство окупацијата која продолжува во регионот, проширувањето на илегалните населби и притворањето на палестинските деца, додавајќи дека Работничката партија нема да отстапи од осуда на тоа што израелската војска отвора оган врз палестинските цивили, како и на Законот за држава-нација кој го усвои Израел.
Поддржувачите на оваа партија вчера носеа знамиња на Палестина. Делегат, кој на говорницата зборуваше околу Палестина, реагираше против Управата на конгресот, откако му кажале дека истекло времето наменето за неговиот говор, по кој тој рече: „Не ми истече времето. Зборувам за палестинскиот народ. Ако сакате да ме отстраните од говорница, повикајте обезбедување, дури и армија.“
Од денот кога дојде на чело на партијата во 2015 година, Корбин е обвинуван за антисемитизам поради неговата поддршка за Палестина.