Mohamad Misto,Adham Kako
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
ДЕИР ЕЗ-ЗОР / АНКАРА (АА) - Најмалку десет цивили загинаа во напад на членовите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Деир ез-Зор, на сириско-ирачката граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека терористите упаднале во селото Ебу Елнител, на северниот дел на Деир ез-Зор, со придружба на десетици оклопни возила и хеликоптер „Апач“, кој припаѓа на меѓународните коалициски сили.
Терористите на ЈПГ/ПКК, под изговор дека во селото се кријат терористи на ДЕАШ, упаднаа во селото, убија најмалку десет, а фатија десетици цивили.
За време на упадот во селото украдени се мобилни телефони, пари и злато.