Ahmet Gürhan Kartal
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Мухајдин Мире, 29- годишно момче од Источен Лондон беше обвинет за обид за убиство, по нападот со нож напади во кој во саботата вечерта беа повредени три лица, јавува Anadolu Agency (АА) .
Инцидентот кој Лондонската полиција го третира како терористички чин се случи во подземната метро станица Лејтонстон. Според очевидци, човекот им се заканил на патниците по што ги нападнал со нож.
Едно лице е потешко, а две се полесно повредени. Мире беше уапсен набргу по пристигнувањето на полицијата на местото на настанот.