Sergen Sezgin
04 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
БУРСА (АА) - Во турскиот град Бурса утрово се случи невообичаена сообраќајна незгода во која автомобил заврши на скалите кои водат кон метро станицата, јавува Anadolu Agency (AA).
Незгодата се случи во населбата Османгази, кога 32-годишен возач изгубил контрола над возилото и влетал во влезот на метро станицата Меринос.
Возачот претрпе полесни повреди и пренесен е во болница, а надлежните служби по повеќечасовни напори успеаја да го извлечат автомобилот од скалите на метро станицата.
Полицијата соопшти дека станува збор за невешт возач кому возачката дозвола му била одземена пред два месеци, бидејќи по предизвикувањето серија сообраќајни незгоди надминал 100 негативни поени.