Etem Geylan,Sefa Mutlu
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави: „Некој се обидува да ја потклекне земјата со економски саботажи, затоа што на 15 јули не успеа да ја земат со тенкови, топови и Ф-16. И оваа игра не е нова, сме се научени со ова. Генерално, веќе три години се обидуваат на различни начини да играат на картата на економска криза" јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во својот говор на отворањето на Трговскиот центар Џевахир во Халич во Истанбул го започна зборуваќи за 3 Декември - Светскиот ден на лицата со попреченост. Тој откако посака да овој ден служи за доброто на лицата со попреченост во Турција и во целиот свет, упати молитва да престанат страдањата и да се спасат од војни луѓето од Сирија, Ирак и Мјанмар.
Меѓу другото нагласувајќи дека лицата со попреченост покажаа големи успеси во многу активности, како во спортот, уметноста, книжевноста и во светот на бизнисот Ердоган рече:
„Со влојата и одлучноста која ја покажуват за надминување на пречките, во тоа да бидат еднакви и целосно да учествуват во животот, тие се еден пример за сите нас. И ние во чекорите којшто сме ги презеле во овие 14 години покажавме упорност за да им го олесниме животот на овие браќа. Ние се надеваме дека ќе продолжиме да им служиме на овие браќа, без да се измориме. Но, јас имам уште една молба: Господ да не чува нас и сите лица со физичка и ментална попреченост."
„Некој се обидува да ја потклекне ова земја со економски саботажи. За ова го искористија сите начини и патишта. Дури се надеваа во четите со закрвавени раце, групите на убијци под маската на човекот. Не се довумеа ни ги донесат терористичките организации што ги хранеа со години како што се ФЕТО, ПКК, ЈПГ, ДЕАШ, така да со ова, се обелоденија и самите. Тие се обидоа да ги тероризират патиштата преку етничкиот национализам употребувајќи војници со политички изглед како од настаните на 6-8 октомври, се обида да ги насочат луѓето еден против друг, но не успеаја. Падна во јамата што самите ја отвоија терористичката организации кои самите тие ги тапкаа по грб во овие 30 години. Додека ДЕАШ денеска во Сирија бара 'дупка' да се скрие. Со дозвола на Господ и на тоа ќе му дојде крај. Оваа војна е исто и за ФЕТО, каде што на целиот свет му стана јасно црното лице на оваа скриена организација која се скриваше 40 години. Патот којшто тие го избрале не е потребниот пат. Јас верувам дека тие ќе одговараат за се што сториле“ рече претседателот Ердоган во својот говор.