Andaç Hongur,Murat Paksoy,İsmail Özdemir
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, порача денес дека со промената на свеста е можно да им се помогне на лицата со инвалидитет, јавува Anadolu Agency.
Јилдирим по повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, присуствуваше на состанокот на кој е претставен Националниот акционен план во видот со пореметувањата на аутистичниот спекат. Во таа прилика тој укажа на важноста од отстанување на пречките кои човекот ги носи во сопствената глава за да им се помогне на лицата со инвалидитет.
„Ја сменивме свеста во општеството која ги сокриваше лицата со инвалидитет и направи тие да станат дел од општествената заедница. Не е тоа област со која се бави само државата, ќе имаме уште повеќе невладини организации. Државата не може да стигне се, но може да им пружи поддршка на оние кои сето тоа ќе го стигнат", порача Јилдирим и додаде:
„Пречката не е всушност во физичка, ниту во општестена смисла, пречката може да биде само во нашиот ум. Доколку не ги остраниме тие пречки, нема да можеме да им помогнеме на лицата со инвалидитет", рече турскиот премиер додавајќи дека најдобар начин за тоа е образованието.
Истакна дека во однос на прашањето на помошта и овозможување на еднакви можности на лицата со инвалидитет во Турција многу нешта се сменети.
„Пред се, ние немавме законска регулатива кога се во прашање лицата со инвалидитет, а денеска имаме таков закон. Претходно за лицата со инвалидитет се користени неубави зборови, тој проблем го решивме", рече Јилдирим.
Зборувајќи за активностите на Република Турција кога се во прашање лицата со инвалидитет, Јилдирим рече дека финансиската поддршка на овие лица е зголемена за 14 пати.
„Вработувањето во приватниот сектор е дуплирано, а во јавниот сектор е зголемено за осум пати. Денеска најмалку 150 илјади лица со инвалидитет се вработени во приватниот и јавниот сектор", рече Јилдирим.
Укажа исто така на важноста од соодветен пристан кон лицата со различен вид на инвалидитет.