Zülfiya Yakup
25 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
ПРИШТИНА (АА) - На патролата на косовската гранична полиција во северно Косово синоќа беше пукано со огнено оружје. Во нападот нема повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од косовската полиција, минатата ноќ во 21.44 часот, во селото Бање, општина Зубин Поток, непознати лица со огнено оружје нападна службено гранично полициско возило во движење.
„Притоа, покрај материјална штета на возилото, нема информации за повредени“, се вели во соопштението.
Зубин Поток е општина со мнозинско српско население.