AP
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ТРЕНТОН (АА) - Ахмад Кан Рахими, осомничен во врска со бомбашките напади во Њу Џерси и во Њујорк на 17 септември, во кои беа повредени повеќе од 30 лица, беше преместен од болница в затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, во Њу Џерси, Мет Шуман потврди дека Рахими, поради неговата безбедност е префрлен во државниот затвор.
Рахими беше уапсен два дена по нападот, за време на полициската акција во Линден, Њу Џерси. Во болница беше сместен поради прострелните рани, а се изјасни за невин по обвиненијата дека сакал да го убие полицаецот пред неговото апсење.
Во бомбашкиот напад на 17 септември, на Менхетен беа повредени 30 луѓе. Недалеку од местото на настанот беше пронајдена уште една експлозивна направа, која не беше активирана.