Emel Öz Gözellik
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
ВИГАН (АА) - Најмалку пет лица загинаа во тајфунот Хаима што го погоди северниот дел на Филипините, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица изјавија дека тајфун се движи со брзина од 225 километри на час и дека досега се евакуирани околу 100.000 луѓе. Тие истакнаа дека има срушени куќи, паднати дрва, а некои области останале без електрична енергија.
Да потсетиме дека Филипините се често на удар на тајфуните. Во 2013 година како последица на тајфунот Хаијан загинаа над 6.000 лица, а четири милиони останаа без своите домови.