Michael Hernandez
20 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Третата и последна дебата на кандидатите за американски претседател, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, како и претходно, ја одбележаа жестоките дискусии и меѓусебни обвинувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на изборите на 8 ноември, републиканецот и кандидатката на демократите ја одржаа дебатата синоќа во Лас Вегас.
Како и на претходната дебата кога жестоко се судрија околу повеќе прашања, и овој пат беше изоставено традиционалното ракување.
Трамп синоќа повторно изјави дека верува оти изборите за претседател на СДА ќе бидат наместени и насочени против него.
Три недели пред изборите, двајцата кандидати зборуваа за надворешната политика и за судирите на Блискиот Исток, односно за војната во Сирија.
Клинтон ги критикуваше позитивните коментари на Трамп за рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека рускиот лидер го поддржува Трамп бидејќи повеќе би сакал на местото на американски претседател да биде марионета.
„Ти си марионета“, возврати Трамп додавајќи дека Хилари не го сака Путин поради тоа што рускиот претседател ја надмудрил на секој чекор.
Тој го спомена и сирискиот претседател Башар ал Асад истакнувајќи дека тој „многу тежи и дека е многу попаметен отколку што Клинтон и американскиот претседател Барак Обама тоа го мислат“.
„Дури и доколку го соборат Асад, можам да завршам со некој еднакво лош како него. Тој можеби е лош, но можам да завршам со некој полош од него“, изјави Трамп.
Кандидатите уште еднаш ги изнесоа спротивставените ставови во сегментите на внатрешната политика, и прашањата за правото на абортус и правото за носење оружје, прашањата за мигрантите и идеите на Трамп да изгради ѕид на границата со Мексико.
Кога станува збор за анкетите што ќе дадат проценки за тоа кој од двајцата кандидати има поголема поддршка од граѓаните, контроверзниот Трамп не потврди дека ќе прифати такви резултати.
„Нема тоа сѐ уште да ви го кажам, ќе ве држам во неизвесност“, изјави Трамп а неговиот коментар опонентката го нарече застрашувачки.
Актуелните дебати во Америка покажуваат дека најголемиот дел од населението е наклонето кон Клинтон, и дека Трамп има три недели до изборите да ја зголеми својата поддршка во Охајо, Невада и во Северна Каролина.