Büşra Selvi Öğütcen
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
ЗАМБОАНГА (АА) - Филипинскиот претседател Родриго Дуерте прогласи состојба на безаконие по експлозијата што се случи синоќа, на пазар во Давао, на јужниот дел од Филипините, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесе локалната мрежа „ГМА њуз“, Дуерте изјави дека во експлозија што се случила синоќа загинале 14 лица, а 71 се ранети, при што прогласил „состојба на безаконие“. Со тоа се подразбира зголемување на акциите што имаат за цел борба против тероризмот, трговијата со опојни дроги и криминалот.
На овој начин, според зборовите на филипинскиот претседател, тие ќе се обидат да ја надминат вонредната состојба и кризата. Тој ја повика и војската и полицијата на Филипините, секаде во земјата, на соодветен начин да ги извршуваат своите обврски.
Тој потсети на заканитте на организацијата „Ебу Сајаф“, велејќи дека ги предупредиле не само на местото Сулу, туку и на некои други.
„Нѐ предупредија претходно, бевме подготвени“, порача Дуерте.
Во моментот на експлозијата, Дуерте се наоѓал во посета на градот каде што бил градоначалник 22 години.