Ekip
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
АТИНА (АА) - Неколку стотици бегалци од Блискиот Исток демонстрираа вчера во грчкиот главен град Атина поради затворањето на границите кон Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалците се собраа на плоштадот „Синтагма“, каде што се наоѓа и зградата на Парламентот, а потоа е одржанa и мирна прошетка до центарот на градот. Протестот траеше два часа и немаше никакви инциденти.
Бегалците носеа транспаренти на кои пишуваше: „Спасете ги нашите деца“.
Турција и Европската Унија на 18 март во Брисел постигнаа договор со цел борба против нелегалните миграции и криумчарења со луѓе. Според договорените мерки, кои се спроведуваат од 4 април, Турција ќе ги прифати назад сите мигранти за кои ќе се утврди дека од Турција преминале на грчките острови.
За сите мигранти што не дошле од Сирија, во Турција ќе биде започната постапка за нивно враќање во земјата од која потекнуваат, додека мигрантите од Сирија ќе бидат сместени во камповите во Турција и за секој прифатен мигрант од Турција во ЕУ ќе биде пратен по еден бегалец од Сирија кој воедно е регистриран во Турција.