Elena Teslova
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
МОСКВА (АА) - Руската морнарица започна голема воена вежба во Каспиското море, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Руската федерација соопшти дека во вежбата учествуваат повеќе од 50 воени бродови на руските поморски сили, а дека целта на вежбата е тестирањето на борбената приправност на морнарицата за евентуални потреби од напади или одбрани.
Во вежбата учествуваат бродовите ,,Татаристан" и ,,Дагестан", отпремени со ракетните фрлачи, како и бродиците „Град Свијаск", „Углиц“, „Волгодонск", „Махацкала“ и „Астрахан" кои се отпремени со фрлачи на ракети од помал калибар и различни топови и артилерија.