Ekip
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ЛОНДОН (АА) - Лабуристичката партија соопшти дека ќе поддржи одржување на втор референдум за Брегзит за да ја спречи премиерката Тереза Мај да ја присили Велика Британија да ја напушти Европската Унија (ЕУ) без договор, јавува Aadoolu Agency (AA).
Џереми Корбин, лидерот на главната британска опозициска партија, ќе одржи состанок со парламентарното крило на партијата на кој ќе предложи поддржување на амандман со кој се бара продолжување на членот 50 и ќе го поддржи амандманот со кој се бара гласање на народот за тековниот Договор за Брегзит.
„Премиерката непромислено губи време во обид да ги принуди пратениците да изберат помеѓу нејзиниот неуспешен договор и катастрофалата опција без договор. Не можеме и нема да прифатиме“, се вели во соопштението објавено од партијата.
„Затоа, во согласност со нашата партиска политика, ние сме посветени да поднесеме или да го поддржиме амандманот за гласање за да се спречи опасниот Брегзит на конзервативците да биде наметнат на земјата“, се додава во соопштението.
„На еден или на друг начин, ние ќе сториме сé што е во наша моќ за да спречиме Брегзит без договор и да се спротивставиме на Брегзитот на конзервативците кој е базиран на убедливо отфрлениот договор на Тереза Мај“, се додава во соопштението на Лабуристичката партија.
Лидерот на партијата, Корбин, ќе поднесе амандман во Парламентот оваа недела со предлог за алтернативниот план за лабуристите за Брегзит, кој ќе вклучува сеопфатна царинска унија со ЕУ во која Велика Британија би имала збор, потоа блиска усогласеност со единствениот пазар, заштита на правата на работниците и почитување на сегашните еколошки стандарди.
Во неделата Меј соопшти дека гласањето за нејзиниот договор за Брегзит, кое требаше да се одржи оваа недела, ќе биде одложено до 12 март, потег што го налути нејзиниот Кабинет и пратениците.