Zlatan Kapic
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
АНКАРА
Според денеска објавената најнова ранг-листа на ФИФА за најдобрите фудбалски репрезентации во светот, селекцијата на Северна Македонија се наоѓа на 72. место, доживувајќи пад од 10 места (62. место на листата објавена на 27 мај), од вкупно 210 национални тимови во светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Статусот на најдобра репрезентација на Балканот, според ранг-листата на ФИФА, го задржа репрезентацијата на Хрватска, која се наоѓа на 18. место. Репрезентацијата на Србија е на 29. место, Турција на 39., Романија на 45., Грција на 48., БиХ на 58., Словенија на 66., Црна Гора на 67., Албанија на 69., Северна Македонија го зазеде 72. место, додека репрезентацијата на Косово е на 115. место.
На првото место на ранг-листата на ФИФА се наоѓа Белгија, втор е Бразил, а на третото место се наоѓа репрезентацијата на Франција.