Yunus Kaymaz
16 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Нико Али Волш, внукот на легендарниот боксер Мухамед Али, со технички нокаут го доби првиот меч во својата професионална кариера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и едногодишниот Нико Али Волш, кој излезе на рингот во Оклахома Сити, САД, направи добар почеток во кариерата победувајќи го својот ривал Џордан Викс во првата рунда со технички нокаут.
Младиот боксер, син на ќерката на Мухамед Али, Рашеда Али Волш, и на Роберт Волш, за време на натпреварот носеше шорцови што се подарок од неговиот дедо.
Истакнувајќи дека победата му ја подарува на неговиот дедо, кој почина во 2016 година, Нико Али Волш рече: „Многу размислувам за него, многу ми недостига. Ова е едно емотивно патување. Викс и јас направивме една мала историја. Ова целосно ги исполни моите очекувања.“
Споделувајќи ги своите размислувања за неговиот дедо Мухамед Али, Волш рече: „Се чини дека има голем притисок врз мене, но, тој е само мојот дедо. Тој е најголемиот боксер на сите времиња, можеби најголемиот човек.“
Давајќи сигнали дека ќе оди по свој пат, младиот спортист истакна дека отсега натаму на рингот нема да ги облекува шорцовите на неговиот дедо.