Emrah Oktay
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 2.465 пливачи од 55 земји учествуваа денеска на 33. Самсунг Интерконтинентален натпревар преку Босфорот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Учесниците на натпреварувањето во пливање започнаа од местото Канлиџа на азискиот брег на Босфорот, а трката заврши на европскиот брег кај паркот во Куручешме, „Џемил Топузлу“.

Организатор на традиционалниот натпревар е Олимпискиот комитет на Турција.
Нида Елиз Устундаг, турска пливачка и учесничка на Олимписките игри 2016, победи во женска категорија, а патеката преку Босфорот долга 6,5 километри ја преплива за 40 минути и 55 секунди, а нејзиниот сонародник Полат Узер Турнали беше најдобар во машка конкуренција и Босфорот го преплива за 38 минути и 22 секунди.

Наградите на најдобрите натпреварувачи им ги доделија министерот за млади и спорт на Турција, Мухарем Касапоглу, претседателот на Националниот олимписки комитет, Угур Ерденер, и други гости.