Hatice Şenses Kurukız,Ali Cevahir Aktürk
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, рече дека биле забележани две делумно затрупани лица во свлечиштето кое го урна потпорниот ѕид од кафулето во Истанбул, во паркот Ѓулхане и дека спасувачките екипи пребаруваат за да се утврди дали под свлечиштето има повеќе луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
"Случајот се случи неодамна и сега и моментално се гледаат две заробени лица под свлечиштето што го уништи ѕидот. Спасувачките екипи го пребаруваат теренот за да утврдат дали има повредени. Видов дека има едно повредено лице, а спасувачите се обидуваат да го спасат", рече Шахин.
Истакнувајќи дека со истрагата ќе бидат идентификувани сите причини и последици за лизгањето на земјиштето, Шахин, додаде дека тоа е област која има посебен статус и дека истрагата ќе се спроведува во согласност со овој факт.
Во центарот на Истанбул во паркот Ѓулхане дојде до лизгање на земјиштето и рушење на ѕидот на кој се наоѓаше терасата на една кафетерија.
На местото на свлечиштето дојдоа надлежните полициски и противпожарни служби, а пристигна и брзата помош. Полицијата ги евакуираше сите посетители на паркот а надлежните органи ја спроведуваат истрагата.