Ekipa
06 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека при уривање на зграда во Истанбул загинале две лица, а шестмина се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пoвредените лица се сместени во болница каде што им се укажува помош.
Во соопштението се наведува дека во зградата во истанбулската населба Картал живееле 43 лица, во 14 станови.
Се додава дека на местото на настанот се наоѓаат голем број спасувачки екипи, и дека се евакуирани и другите две згради кои се наоѓаат на тоа подрачје.
Да потсетиме, во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, се урна шесткатница.
На местото на настанот голем број полициски, амбулантни и противпожарни екипи вршат обезбедување на подрачјето, пребарување на урнатините и акција за спасување.