Ekipa
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Владата на Франција Мануел Валс изјави дека Франција треба да ја преиспита својата безбедносна култура, по скандалот поради управување на полициските сили во Ница, ноќта кога се случи нападот во кој загинаа 84 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Валс во понеделник на телевизиската станица BMF рече дека „земјата има потреба од длабоки промени во безбедноста култура". Тој не сакаше понатаму да објасни што значи тоа.
Валс застана во одбрана на министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев, кој се соочува со обвинувања дека неговиот кабинет вршел притисок врз локалните полициски власти за да се скрие недостатокот на полициски службеници во текот на кобната ноќ 14-ти јули. Казнев ги негираше ваквите активности и најави тужба за клевета.
Валс изјави дека обвиненијата се обид на конзервативната опозиција за дестабилизација на владата.
Францускиот претседател Франсоа Оланд нареди внатрешна полициска истрага за случувањата во Ница.