Aldıjana Hadzıc
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
КАИРО (AA) - Авион на соларниот погон „Solar Impulse 2" (SI) од Каиро го тргна својот пат кон Абу Даби, што е воедно и неговата последна етапа од патувањето околу светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот по обавените последни подготовки го напушти Меѓународниот аеродром во Каиро.
Пред летот во Абу Даби на претставниците на медиумите во Каиро им се обрати пилотот Бертранд Пикард.
Авионот на соларниот погон на 13 јули во Каиро стаса од Севиља. Пола саат по слетувањето во главниот град на Египет, авионот изврши симболичен лет над Големите пирамиди во Гиза. Авионот на соларната ќелија „Solar Impulse 2" кој за летање користи само соларна енергија, своето патување околу светот го започна на 9 март 2015 година од Абу Даби.
Досега го поести Оман, Индија, Мјанмар, Кина, Јапомина и неколку градови на САД, Шпанија и Египет.
Пилотите Андре Борхберг и Бертнард Пикард, на пети март 2015 годинана пат околу светот тргнаа од Абу Даби. Со својот проект на светот сакаа да му укажат на користењето извори на чиста енергија.
Авионот има просечна брзина од 45 километри на час, а во период кога сончевите зраци се најсилни може да ја зголеми брзината двократно. Тежок е 2,3 тони, а на крилјата од распон 72 метри се наоѓаат 17.248 соларни ќелии.Благодарејќи им на батериите од литиум може да лета и ноќе.