Murat Ünlü
13 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев изјави дека од почетокот на годинава досега во Франција се притворени 101 лице под обвинение дека се поврзани со тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
За весник кој е во сопственост на медиумската групација Ебра, Казнев изјави дека прават сѐ што е во нивна моќ за да се заштититат луѓето во Франција, но истакна дека сѐуште е високо нивото на закана.
„Од почетокот на годината досега притворени се 101 лице под обвинение за поврзаност со тероризам. Од 2013 година досега се спречени 15 обиди за напад“, рече Казнев.
Министерот Казнев истакна дека Франција, на ниво на Европа, има голем напредок во спречувањето на тероризмот и додаде дека размената на информации која ќе ја овозможи Европскиот парманент со воведувањето на PNR - запис на иметот на патникот, ќе ја зголеми можностите за предвремено откривање. Европскиот Парамент минатиот месец ја усвои одлуката за воведување на PNR, со што сe овозможи размена на имформации на патниците меѓу држaвитe-членки на Европската унија.
„Изминатите шест месеци од 33 милиони лица кои пристигнаа во Франција, откако поминале низ безбедносните проверки, на 17.500 лица не им бил дозволен пристап во државата. “, рече Казнев.
- ЕУРО 2016
Министерот Казнев во врска со преземените мерките за безбедност за престојното европско првенство во фудбал ЕУРО 2016 во месец јуни, соопшти: „Ќе се преземат исклучителни мерки за безбедноста да биде на највисоко ниво“.
Во францускиот главен град Париз на 7. јануари минатата година во терористичкиот напад поради „Charlie Hebdo", починаа 17 лица, додека во серијата координирани напади во Париз на 13 ноември 2015 година, починаа 130 лица.
Терористичката организација ДАЕШ ја презеде одговорноста за нападите во Париз на 13 ноември, по што е прогласена вонредна состојба во Франција, која е продолжена до 26 јули.
На европското првенство во фудбал ЕУРО 2016 ќе учествуваат 24 земји, аа натпреварите ќе се играат на стадионите во 10 градови од Франција од 10 јуни до 10 јули 2016 година.
Вонредната состојба го опфаќа и периодот од 2 до 24 јули, кога во Франција се вози традиционалната велосипедска трка „Tour de France“.