Şenhan Bolelli
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
МАДРИД (АА) - На отпадот за гуми кој се наоѓа во местото Сесена, во близина на шпанскиот Толедо, избувна пожар, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавија шпанските официјални лица, на "најголемиот отпад за гуми за Европа" со површина од 100 хектари, се наоѓаат повеќе од 100.000 тони на гума. Во пожарот што избувна во раните утрински часови нема жртви ниту повредени, но чадот значително ја загрозува животната средина.
Црн чад ги алармираше противпожарните служби од Толедо и Мадрид. Властите ги советуваа граѓаните да не ги напуштат своите домови за да се избегнат негативни последици по нивното здравје.
Покрај тоа, на возачите им се препорачува дека при патувањето по автопатот А-4 да не ги отвораат прозорците на возилата.
Општината Сесена во 2002 година, со цел да рециклира гума, просторот на кој избувна пожар, го отстапи на приватна фирма чија лиценца во 2009 година е укината, поради тоа што не ги исполнува пропишаните услови и ја загадуваше животната средина.