Kristina Maslareviç
13 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
БЕЛГРАД (АА) - Шефицата на одделението за правна заштита на бегалци на „УНЦХР”, Ен Бригит Крум Хансен, зборувајќи на прес-конференција, изјави дека Србија кон мигрантите покажа гостопримливост и им пружи основна заштита и хуманитарна помош во соработката со меѓународните организации, јавува Anadolu Agency.
„ Србија се покажа многу добро во бегалската криза и докажа дека може да има важна улога во меѓународната заштита на бегалците ”, изјави Хансен и додаде дека сепак постои потреба за јакнење на националниот механизам за заштита на системот на азил во Србија.
На конференцијата е претставен и извештајот на Белградскиот центар за човекови права, според кој Канцеларијата за азил во првите три месеци оваа година регистрираше 257 лица.
„Поднесени се 262 барања за азил а 52 барачи се сослушани. Усвоени се шест барања . Од 13 усвоени барања оваа година, во шест случаи е донесена одлука со која се доделува засолниште ”, изјави Лена Петровиќ, правничката на Белградскиот совет за човекови права.
Како Петровиќ додаде, во првото тримесечје регистрирани се 96 илјади и 117 лица на кои веројатно им е потребна меѓународна заштита, додека нешто помалку од две илјади лица изразија намера да бараат азил во Србија.
Таа додаде дека за основањето на Центарот за азил и помош, во прилика на сместување на барачите на азил во Србија од фондовите на ИПА наменети се 7,2 милиони евра и потсети дека за време на 2015 година низ Србија поминале повеќе од половина милион бегалци, а дека само мал број од нив сакал таму да остане при што минатата година беа усвоени 30 барања за азил.