Vesna Besiç
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
СОФИЈА (АА) - Во бугарската престолнина Софија одржанис е протести против насилството врз жените, јавува Anadolu Agency (AA).
Одржан е марш на кој сите учесници денес носеа штикли. Имаше и голем број на мажи кои во штикли сакаа да укажат на проблемот на насилството врз жените во оваа земја, но и целиот свет.
Во Бугарија, според официјалните податоци, секоја четврта жена е жртва на семејно или сексуално насилство. Според податоците на Агенцијата на ЕУ за основни права (FRA), околу милион од вкупно 3,78 милиони граѓанки на Бугарија се жртви на семејно насилство.