Fatjon Cuka
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ТИРАНА (АА) - Албанската полиција заплени 1,3 тони канабис во Валона во јужниот дел на земјата, соопштија денес официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на акцијата со кодно име "МЕГА" полицијата во Валона, во соработка со оперативниот одред на специјалните сили Делта форс и италијанската царинска полиција, во Карабурун пронајде и запленети еден тон и 283 килограми дрога, која била наменета за италијанскиот пазар, соопшти албанската полиција.
Во соопштението се наведува дека полицијата ја пронашла дрогата спакувана во 47 торби, скриени на неколку локации во шума во близина на брегот.
Засега нема информации во врска со приведените лица.