Bedrudin Brlyavac
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
СОФИЈА (АА) - Федерика Могерини, високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, изјави дека Западен Балкан ќе биде главна тема на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кои денес и утре ќе се состанат во Софија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Прва точка на нашиот дневен ред е работата која ја имаме со Западен Балкан. Тоа е главeн приоритет за бугарското претседавање, но и за институциите на ЕУ“, изјави Могерини по доаѓањето на неформалниот состанок на Советот на ЕУ во Софија.
Таа нагласи дека на состанокот ќе разговараат за јакнење на европската перспектива на регионот и соработката на ЕУ и Западен Балкан во областа на безбедност и одбрана.
Потсетуваме, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на 15 и 16 февруари учествуваат на неформалниот состанок на Советот на ЕУ кој го организира Бугарија, како моментален претседавач со ЕУ.
Освен прашањето за регионот на Западен Балкан, на состанокот ќе се разговара и за ситуацијата во Сирија, како и за прашањето за денуклеаризација на корејскиот полуостров.