İhvan Radoykov
15 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
СОФИЈА (АА) - Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, упати честитки за ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Борисов преку соопштение упати честитки до Собранието на Македонија по повод ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете соседни земји.
Борисов истакнува дека и Македонија покажа оти желбата за градење модерни европски односи врз основа на меѓусебна доверба и пријателство е заедничка.
„Ратификувањето во Собранието на Македонија претставува природно продолжение на потпишаниот билатерален договор во Скопје меѓу нашите влади и на конструктивниот дијалог утврден со потпишувањето на деветте документи за време на заедничката владина седница меѓу двете влади во Струмица“, нагласи бугарскиот премиер Борисов.
Тој пренесе дека европската иднина на Македонија ќе биде меѓу главните приоритети на Бугарија за време на претседавањето со ЕУ.