Bahri Aşık
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
АЈДИН (АА) - Во подрачјето на Дидим, во турската област Ајдин, фатени се 46 илегални мигранти при обид илегално да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на Крајбрежната стража фатија 46 мигранти кои со два гумени чамци се обиделе да преминат во Грција.
Мигрантите, со потекло од Сирија и Авганистан, се предадени на полицијата во Дидим за понатамошни процедури.
По потребните процедури, мигрантите ќе бидат испратени во Дирекцијата за миграции во Ајдин.