"Кловнови без граници" од Барселона ги забавуваат децата во прифатниот центар за бегалци
- "Не ви треба многу за да измамите детска насмевка, само насмејте им се искрено и изберете ја вашата улога во нивниот свет", вели Викторија, кловн од Барселона, Шпанија????? ????????, ????? ?????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
ГевгелијаГевгелија (АА) - Облачното и дождливо време го отежнува и онака тешкиот пат на бегалците од земјите на Блискиот Исток и во Северна Африка, кои се одлучиле да тргнат по својот пат на спасот кон земјите на Западна Европа, поминувајќи низ Балканот.
На овој начин, неизбежен станица е прифатниот центар во Гевгелија, низ кој овие денови минуваат неколку илјади бегалци. Меѓу нив, голем број на деца, кои суровоста на животот ја почувствуваа многу рано, упатувајќи се со своите родители на пат кон непознатото.
За овој мрачен ден да не биде тежок, за најмладите се грижат "Кловнови без граници" кои допатуваа дури од Шпанија, со цел да ги насмеат децата бегалци и им подарат внимание и љубов. Од една во друга група се движат кловновите. Играат, пеат, глумат, а малите деца се смеат, воодушевувајќи се на секој нивен потег.
"Не ви треба многу за да измамите детска насмевка, само насмејте им се искрено и изберете ја вашата улога во нивниот свет", вели Викторија, кловн од Барселона, Шпанија.
Во изјавата за Anadolu Agency, вели дека доаѓала во балканските земји уште пред две децении, за време на војната во Босна и Херцеговина, со желба да ги забавува децата бегалци.
"Пред 20 години дојдов во Босна, каде што работев со бегалците и на други места каде што имаше војна. Љубовта е потребна на сите, ние сакаме да им биде полесно на децата и на сите", вели Викторија.
"Ситуацијата е многу сложена. Децата се деца каде и да се, треба да ги сакаш и да ги направиш среќени", рече таа, зборувајќи за својот настап во прифатниот центар за бегалци во Гевгелија.
За нејзиниот помлад колега Луис ова е прво патување со кловновите. Тој е среќен што успеал да ги насмее децата. Смета дека тие работат многу добра и хумана работа забавувајќи ги децата. "Ова е моето прво патување со кловновите. Мислам дека работиме многу добра работа, важно е овие деца да имаат некого и да ја поцувствуваат љубовта", вели Луис.
Викторија, Луис, Оскар, Енрике, Начо и Мигуел Ангел заедно ја сочинуваат групата "Кловнови без граници". Тие преку своите забавни настапи, измамија многу детски насмевки сместени во прифатниот центар за бегалци, пружејќи им обезбедувајќи внимание и неизмерна љубов, и на тој начин станаа херои во очите на децата кои нивните настапи ги проследија со големо внимание. "Кловнови без граници" започнаа со работа во 1993 година во Барселона.
Тие тогаш беа поканети да настапат во Хрватска, во центарот за бегалци пред 700 деца. Тие велат дека од нивното постоење па се до денес, работеле пред околу четири милиони деца, настапувајќи низ повеќе од сто земји во светот.
Членовите на оваа организација настапуваат волонтерски, водени од желбата да ја подобрат емотивната состојба на децата кои преживуваат тешки моменти живеејќи во земји каде што се војува и под тешки услови.