Голем број Сиријци би можеле да умрат од глад
-Треба да им подадаеме рака што поскоро, инаку голем број Сиријци може да умрат од глад, предупреди Хикмет Солен, претставник на турската хуманитарна организација IHH во Килис.????? ??????????-???????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
КилисКИЛИС, Турција (АА) – Од турската хуманитарна организација IHH, соопштија дека е покренат проектот „Зима 2016“ со кој ќе се подготвуваат посебени пакети за помош на сириското население кои ќе содржат намирници, облека, обувки, препарати за чистење, како и прекривки, но истакнаа дека сè уште приоритет им е собирањето брашно за народот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на организацијата IHH во Килис (град во близина на турско-сириската граница), Хикмет Шенол, истакна дека поради воената состојнба во Сирија, тамошното население особено големи проблеми има со недостатокот на брашно и неможноста од обезбедување доволни количини леб за населението. Покраај тоа, со доаѓањето на студеното време предупредуваат дека потребата од леб и брашно ќе биде уште поголема.
Тој додава дека цените на лебот во Сирија постојано се зголемуваат и го повика населението и организациите да донираат брашно кое на населението им е повеќе од потребно.
„Во Килис дневно произведуваме 100.000 парчиња леб, но поради недостатокот на брашно тој број од ден на ден се намалува. Имаме девет пекари во Сирија кои од истите причини не можат да произведат доволно леб. Очекуваме многумина да се солидаризираат уште еднаш и да му помогнат на загрозеното насление“, рече Солен.
Тој додаде дека IHH обезбедува помош за 60.000 луѓе во руралните подрачја и за 50.000 луѓе сместени во бегалските кампови во Сирија.
„Треба да им пружиме рака што поскоро, инаку, голем број од нив би можеле да умрат од глад“, предупреди Солен и повтори дека нивните проблеми ќе бидат поголеми во зимскиот период кога покрај брашно ќе им бидат потребни и други намирници, како и топла облека, обувки, но и огрев.
IHH минатата седмица доби полн шлепер со помош од Аксарај, во Турција, но тоа не е ниту одблиску доволно за овој народ кој во минативе неколку години многу пропати.
Претходно од IHH кажаа дека цената на брашното и другите производи во Сирија енормно пораснаа поради недостатокот на посеви. Цената на лебот во Сирија варира помеѓу 1.100 и 1.300 сириски фунти т.е приближно шест евра и секојдневно се зголемува.