Sultan Çoğalan
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Еврокомесарот за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан денес го посети бегалскиот камп во Шанлируфа во Турција, во кој се сместени 13.930 сириски бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
"Потребно е зголемување на бројот на наставници по Турски јазик за да можат сириските бегалците да се интергрираат со локалното население" , изјави Хан при посетата на кампот.
По претставата која ја подготвија децата од кампот, Хан ги посети еден маркетот и градинка. Еврокомесарот Хан беше задоволен од состојбата во кампот.
Тој и се заблагодари на Турција која последните пет години им помага на бегалците од Сирија.
Хан соопшти дека Европската Унија, особено на финансиски план, ќе продолжи да ја подржува Турција во насока на помошта која таа им ја дава на бегалците од Сирија.
Во тие рамки, ќе се работи на снабдување со храна, училишта и слични проекти.
"Помошта во храната и здравство се многу значајни, но во неколку рааговори кои ги имав во кампот се увиде дека е бегалците да го научат турскиот јазик можат сириските бегалците да се интергрираат со локалното население. Бегалците од Сирија имат проблеми со јазикот и затоа е потребна финансиска поддршка", истакна Хан.
Еврокомесарот како значаен момент го нагласи право на работа кое Турција им го даде на бегалците и за нивно полесно прифаќање, потребно е да го научат турскиот јазик.
На средбите меѓу Турција и делегацијата од ЕУ за можностите за вработување, Хан соопшти:
"Во тие рамки во регионот, но не само за бегалците од Сирија, ќе овозможиме микро-кредити за вложување во регионот. Потребно е на бегалците да им овозможиме самите да оформат сопствен бизнис." и додаде: "Кампот во Харан е извонреден пример како треба да се води камп со голем проток на бегалци. Импресиониран сум од работата во кампот."
Помеѓу другото, Хан на натпреварот во подготвување на национални јадења на учесничките сиријките сместени во кампот им додели награди.