Durmuş Genç
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
МУГЛА (АА) - Група од 31 мигрант од Грција пристигна во пристаништето Ѓулук во турскиот град Мугла, според договорот на ЕУ и Турција поврзан со бегалците кој стапи на сила на 4-ти април оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за 31 мигрант кои по 20-ти март влегоа на територијата на Грција, а пак од грчкото пристаниште Кос беа префрлени до градот Мугла, на западниот брег на Турција. Во придружба на бродот кој ги пренесуваше мигрантите беше еден брод и два чамци на Крајбрежната стража.
Мигрантите по доаѓањето во Мугла беа презедени од страна на претставниците на турската Национална медицинска организација (UMKE), а по лекарскиот преглед и земањето отпечатоци со автобус ќе бидат префрлени во бегалскиот камп во турскиот град Кириккале.
Договорот измеѓу Турција и ЕУ склопен на 18-ти март во Брисел, а на сила стапи на 4-ти април, подразбира дека бегалците кои пристигнуваат во Грција а не ги исполнуваат условите за азил да бидат вратени во Турција. Според истиот план за секое вратено лице, ЕУ треба да прифати по еден бегалец од Сирија.