Kemal Karadağ
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турската безбедносни сили првично го лоцирале, а потоа со артилериски напад го уништиле артилериско гнездо на повеќецевен ракетен фрлач на тероторија во близина на сириско-турската граница, контролирана од страна на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските сили користејќи безпилотни летала го лоцирале терористичкото артилериско гнездо на северот од Алепо, на оддалеченост од шест километри од турската граница и 21 километар од турскиот пограничен град Килис.
Во соопштението се наведува дека при уништувањето на терористичкото артилериско гнездо биле користени проектилите "Firtina“ и притоа се убиени најмалку осум терористи на ДАЕШ.
Северниот пограничен појас на Сирија од почетокот на годината е бојно поле на жестоки судири меѓу терористите на ДАЕШ и Слободната сириска армија. Од подрачјата кои ги контролира ДАЕШ кон турскиот гра Килис досега се испукани најмалку 49 ракетен проектил, од кои загинаа 17 лица, а 58 се повредени.
Турските сили за безбедностги засилиле мерките за безбедност на границата со Сирија и во рамките на меѓународните нормативи за ангажман во пограничниот појас, врши артилериски и воздушни напади на позициите на ДАЕШ од кои се испукани ракетните проектили кон турската територија.