Tuncay Kayaoğlu
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер Шимшек на денешниот состанок на кој се разговараше за теми од областа на екомонијата го нагласи взаемнoто меѓусебно значeње на Турција и ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање на состанокот на високо ниво од областа на економијата во Истанбул, вицепремиерот Мехмет Шимшек изјави дека „на Турција ѝ треба силна Европска унија. Силна ЕУ е неопходна за глобален мир и благосостојба".
„Со цел да се решат регионалните проблеми, ЕУ е суштинска. На ЕУ и треба силна и стабилна Турција. Ако Турција е стабилна, тогаш ЕУ ќе стане посилна и ќе ја зголеми благосостојбата. Турција и ЕУ не можат да се одвојат".
Тој додаде дека „Турција е многу важен член од Европското семејство".
Односите ЕУ-Турција неодамна се фокусираа на текот на бегалската криза која ја потресе Европа. На почетокот од овој месец беше имплементиран договор со кој мигрантите од Грција ќе бидат вратени во Турција во замена за сириските бегалци кои ќе бидат сместени во земјите од ЕУ.
„Овој (договор) има голем успех", рече Шимшек. „Нелегалниот премин значително се намали".
Овој план е наменет со цел намалување на бројот на ризични преминувања преку Егејското Море каде безкрупулозните шверцери ја користат безизлезната ситуација на бегалците.
Јурки Катаинен, потпретседателот на Европската комисија, изјави дека проблемот со миграцијата е преголем предизвик за една држава да го реши сама.
„Ова е проблем кој не може да се реши преку ноќ и нема совршено решение за него", изјави Катаинен на состанокот.
Шимшек нагласи дека визната либерализација за турските државјани, која беше ветена како дел од договорот за бегалците, ќе ја зголеми трговијата во ЕУ и Турција.