Gözde Bayar,Ahmet Gençtürk
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Безбедносните сили во Истанбул приведоа 14 лица кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, соопшти турската полиција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осомничените се приведени на 20 различни локации во раните утрински часови во истовремени антитерористички операции од страна на полицијата и разузнавачките тимови.
„Меѓу приведените се наоѓаат 13 странски државјани, некои од нив осомничени дека се активни во Сирија, при што процедурите за нивна депортација се започнати“, се соопштува од полицискиот оддел во Истанбул.
За време на операциите се запленети голем број документи и дигитален материјал.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки напади и на 4 вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.