Halil Demir
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција во 30 области спроведува голема акција на приведување на лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, а од 76 лица, од слобода се лишени 59, јавува Агенција Анадолија (АА).
Врз основа на истрагата за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили, Обвинителство во Истанбул издаде налог за приведување на вкупно 76 осомничени лица.
Осомничените користеле тајни и паралелни системи на комуникација во турската војска. Налозите се распишани за пет војници во активна служба, пет пензионирани лица, за едно лице кое ја напуштило војската и 65 претходно суспендирани војници.
Постапувајќи по налог на Обвинителството, турската полиција покрена истовремени акции на приведување во 30 големи градови во земјата, а досега од слобода се лишени 59 осомничени лица.
Приведените се предадени на надлежните правосудни институции на понатамошно процесуирање, а полициската потрага по преостанатите 17 осомничени е во тек.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.