Mohammad Sio
08 Октомври 2026•Ажурирано: 08 Октомври 2026
„Ираки ервејс“ денес ги обнови директните летови кон Иран по седуммесечен прекин, кој започна во екот на американско-израелската војна против Иран на почетокот на март, објави државната Ирачка новинска агенција (ИНА), пренесува Анадолу.
Националниот авиопревозник соопшти дека редовните секојдневни летови ќе се реализираат од Меѓународниот аеродром во Наџаф до Техеран, Машхад и Исфахан.
Обновувањето на летовите се случи по напорите на ирачкиот премиер Али ел-Заиди и министерот за транспорт Вахаб ел-Хасани откако беа исполнети неопходните регулаторни и технички услови, соопшти авиокомпанијата.
Соопштено е дека обновувањето на линиите има цел да го олесни патувањето на патниците и да ја прошири регионалната воздушна поврзаност на Ирак, особено за верски, медицински и образовни цели.
„Ираки ервејс“ ги запре летовите кон Иран на почетокот на март како превентивна мерка по избувнувањето на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари. Ирак, исто така, го затвори својот воздушен простор во услови на ескалација на регионалните воени тензии.