Ata Ufuk Şeker
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската унија пушти нова транша во износ од 47 милиони евра за помош на сириските бегалци во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во договорот со Турција за решавање на бегалската криза ЕУ се обврза дека до крајот на 2017 година ќе одвои вкупно три милијарди евра за згрижување на сириските бегалци во Турција.
Во соопштението на Европската комисија се наведува дека денес одобрената транша е во износ од 47 милиони евра, со што ЕУ досега во Турција пушти вкупно 240 милиони евра од ветените три милијарди.
Од Комисијата наведуваат дека 20 милиони евра од денешната транша ќе бидат искористени за зголемување на спасувачкиот капацитет на турските поморски сили, а останатите 27 милиони за социјална помош и образовна инфраструктура за бегалците во Турција.
Според Договорот на официјален Брисел и Анкара, ЕУ до крајот на јули оваа година за помош на бегалците во Турција би требало да одобри милијарда евра, а до крајот на наредната година и преостанатите две милијарди.