Mümin Altaş
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја отфрли и за ништовна ја прогласи одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) Ерусалим да го признаат како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуката за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, кој ја соопшти претседателот на САД за Турција е неважечка и ништовна. Оваа одлука е тежок удар за блискоисточниот мировен процес. Со оваа одлука е отворена Пандорината кутија во регионот. Одлуката е пример на неодговорност и таа од корен ќе го искорне мирот на Блискиот Исток. Најостро ги осудувам оние кои ја усвоија, ја донесоа и ја прифатија ваквата одлука. Од животно значење е почитувањето на сите свети места во Ерусалим, вклучувајќи го и Мезџиду-л Акса“, порача Јилдирим во пишано соопштение.
Јилдирим потсети и дека Турција на 13 декември свика седница на Организацијата за исламска соработка која ќе се одржи во Истанбул, на која ќе бидат дефинирани следните чекори со лидерите на муслиманските земји.