Merve Aydoğan
07 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
АНКАРА (АА) - На 4 април во Истанбул се очекува да биде одржан Трилатерален самит на лидерите од Турција, Русија и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, кои сакаа да останат анонимни, се планира Самитот да биде одржан по Советот за соработка на високо ниво (UDIK) на Турција и Русија, кој ќе се одржи на 3 април.
Главна тема на агендата на Самитот на лидерите се очекува да биде Сирија, како и другите регионални прашања, кои треба да бидат решени.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во посебна пригода ќе отпатува за Москва на 12 март за да присуствува на подгрупата на заедничката стратешка група на „UDIK“, како и да присуствува на Меѓународниот саем за патување и туризам.
Во претходните телефонски разговори, кои беа одржани на почетокот од февруари меѓу турскиот претседател и неговите колеги од Русија и Иран, лидерите се согласија да одржат Самит на лидери во Истанбул во врска со сирискиот конфликт.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони лица се раселени.