Fatma Esma Arslan
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК со споделување нови содржини на социјалните медиуми продолжија со клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, која Вооружените сили на Турција (ТСК) и Слободната сириска војска (ФСА) ја извршуваат во Африн од 20 јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицата поврзани со терористичката организација на социјалните мрежи, се обидоа со споделување на три нови фотографии да го продолжат клеветењето. Меѓутоа, утврдено е дека споменатите фотографии не се поврзани со операцијата „Маслинова гранка“.
Фотографијата споделена со описот дека цивилите се мета на нападите во Африн, всушност е направена во Источна Гута во јануари, односно по извршен напад од страна на реимот на Асад.

Споделена е фотографија со наслов „Запрете ги воените злосторства на Турција“, која е направена на 26 септември 2016 година и е користена со вест со наслов дека Франција го обвинува Асад за воени злосторства во Алепо.

Поддржувачите на терористичката органзација користеа и фотографија направена по земјотресот со јачина од 7,1 степен, кои во 1983 година го погоди Ерзурум. Сепак, оваа фотографија се обидоа да ја подметнат со наведувања дека е направена во Африн.
На фотографијата изработена од Мустафа Боздемир, која ја освои наградата на „World Press Photo“, може да се види жена покрај тела на деца настрадани во земјотресот.

Поддржувачите на терористичката организација, со цел пропаганда и клеветење на турските сили и операцијата во Африн, претходно користеа две фотографии наградени на натпреварот „Istanbul Photo Awards“, кој го организира Anadolu Agency (AA).