Kübra Chohan
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес беше информиран за напредувањето на операцијата „Маслинова гранка“ од страна на командантите преку видео-конференциска врска, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателски извори истакнаа дека по одржаните состаноци, Ердоган добил информации од воените команданти во регионот за текот на третиот ден од операцијата во Информациско-координативниот владин центар во претседателскиот комплекс, во 23 часот по локално време.
Претседателот првин разговарал со Исмаил Темел Метин, генерал-полковник на оперативната база во јужната турска област Хатај, на границата со Сирија.
Потоа претседателот Ердоган разговараше со генералите во оперативните бази на турскиот Генералштаб и турските копнени сили.
Ердоган им посака успех во операцијата против терористичките елементи во Африн поради осигурување на националната безбедност на Турција, а воените претставници го информираа претседателот дека моралот на војската е на највисоко ниво.
Ердоган, исто така, со конференциска врска се поврза и со гувернерите на пограничните турски области Хатај, Шанлиурфа, Килис и Газиантеп со цел да се информира за ситуацијата во нивните градови.
Турските вооружени сили во саботата ја започна операцијата „Маслинова гранка“, со цел неутрализирање на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во пограничното сириско подрачје на Африн.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.