Mümin Altaş
22 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, по средбата со претседателот на Републиканската народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, во Анкара изјави дека во операцијата „Маслинова гранка“ земјата не изгуби ниту еден војник, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим потсети дека на 20 јануари започна операцијата „Маслинова гранка“, со цел подрачјето на Африн во Сирија да се ослободи од припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК, која е активна на тој простор веќе подолго време.
Се осврна и на името на операцијата.
„Aфрин е подрачје познато по своите маслинови дрвја. Операцијата за Aфрин е мировна операција“, рече Јилдирим, додавајќи дека посебно внимание е посветено на тоа да не им се наштети на цивилите.
Тој истакна дека акцијата е успешно продолжува веќе трет ден и дека во првите два дена околу сто авиони уништија над 170 цели.
Потсети дека дека на 21 јануари започна и копнената акција.

„До овој момент не изгубивме ниту еден војник, но имаше напади врз нашите војници распоредени во Килис, еден од нашите војници е полесно повреден. Со воздушната акција изведена синоќа околу 22 часот, бомбардирана е позицијата во Aфрин од која беше лансирана ракетата на Рејханли, рече Јилдирим, потсетувајќи дека денеска беше извршен напад врз областа Кирихан во Хатај во кој загина вработен во компанијата за дистрибуција на електрична енергија.
Јилдирим додаде дека турскиот народ и понатаму дава поддршка и се моли за успехот на турските сили.
Тој нагласи дека оваа операција наскоро ќе биде завршена и дека ќе биде донесен мир кај луѓето кои живеат во Aфрин, и ќе бидат отстранети заканите и запрени нападите на турската граница и подрачјата во Килис и Хатај.
Претседателот на турската опозициска Републиканска народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, истакна дека безбедноста на границите во Турција е многу важна и дека храбрите војници ја продолжуваат борбата.
„Нашата најголема желба е да се вратат во своите домови неповредени“, изјави Киличдароглу, додавајќи дека и територијалниот интегритет на Сирија е исто така важен.