Nilay Kar
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер, Бекир Боздаг, по состанокот на владата во Анкара, за новинарите изјави дека единствена цел на операцијата „Маслинова гранка“ се терористичките организации ПЈД/ЈПГ, ПКК, КЏК и ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој нагласи дека целта на споменатата операција сигурно не се братските Курди кои живеат во тоа подрачје, повторувајќи дека единствената цел е да се елиминираат терористите од регионот во кој тие делуваат.
Тој додаде дека терористичката организација ПЈД/ЈПГ ги ослободила терористите на ДЕАШ за да се борат против Турција.
„Терористичката организација ПЈД/ЈПГ ги ослободи терористите на ДЕАШ, кој ги држеше во Африн, за да се борат против Турција“, рече Боздаг.
Коментирајќи ги изјавите на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, за последните случувања во Сирија, Боздаг истакна дека патот на соработката со САД е исклучително јасен.
„Патот на соработката е јасен. Да се сопре со испорака на оружје и да се собере оружјето кое е претходно испратено“, рече заменик-премиерот на Турција.
На крајот, тој додаде дека во текот на операцијата „Маслиновa гранка“ во рамките на Турските вооружени сили нема жртви.
Тој нагласи дека споменатата операција, за која рече дека не е прашање на избор, туку должност, досега тече успешно и според предвидениот план.
Вооружените сили на Турција (ТСК) продолжија со воената операција „Маслинова гранка“ во Африн, северозападна Сирија, започната во саботата, со цел воспоставување на безбедноста во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на братскиот народ на тоа подрачје.
На третиот ден од операцијата, во која учествуваат и припадниците на Слободната сириска војска, пружена е дополнителна поддршка на единиците кои напредуваат кон целите во Африн.