Cuneyt Davut,Besar Ademi
26 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Испрезнет е поголем дел од бегалскиот камп во грчкиот град Идомени, кој се наоѓа во близина на грчко-македонската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата за префрлање на бегалците започна во раните утрински часови на 24-ти мај и до денес трансферирани се над 8.000 бегалци. Многу мал дел од бегалците не сакаат да бидат префрлени во другите бегалски кампови во Грција, туку сакаат од кампот во Идомени да го дочекаат отворањето на границите.
Во операцијата учествуваа над 1.000 полицајци од 10 различни единици, и беа поддржани со хеликоптер. Помош пружија и ограничениот број претставници на меѓународни хуманитарни организации кои за време на операцијата беа во кампот.
Денеска за првпат од започнувањето на операцијата за префрлање на бегалците во другите кампови, во групи, под полициски надзор, на претставниците на медиумите им беше дозволен влез во кампот.
Мал дел од бегалците кои не прифатија да бидат префрлени во другите кампови во северниот дел на Грција, сметаат дека во тие кампови нема да имаат подобри услови за живот и дека единствено решение за проблемот е отворањето на границите.
Според добиените информации се дознава дека во текот на операциите не била употребувана присила и насилство.
Во соопштението кое го дадоа oдговорите од УНЦХР се истакнува дека низ цела Грција има над 50.000 бегалци.
Главна цел на УНЦХР е при трансферот на бегалците од кампот во Идомени, да се врши нивно регистрирање, по што би започнал процесот на барање азил во Грција и земјите на ЕУ.