Özcan Yıldırım
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
АНКАРА (АА) - Уништена е трикатна зграда до која биле сместени ракетни гнезда на терористичката организација ДАЕШ, во близина на Дувајбик, Сирија, при што се убиени 13 терористи и онеспособени се 150 ракети од типот „Качушa”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се вели дека во уништената зграда убиени се 13 терористи, а седуммина се ранети. Онеспособени се 150 ракети од типот „Качуша” кои се пронајдени во зградата.
Турските воени сили ракетираа две ракетни гнезда во близина на трикатна зграда во близина на Дувајбик, подрачје под контрола на ДАЕШ оддалечено 12 километри од Алепо и 26 километри од Килис.