Cuneyt Davut
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) – Од преку 12.000 илјади бегалци сместени во бегалскиот камп во градот Идомени, на грчко-македонската граница, кои живеат под тешки услови и го чекаат отворањето на границата, според изјавите на хуманитарцитен кои обезбедуваат услуги во овој камп, околу 5.500 се деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Напуштајќи ги своите земји поради војните, по патишта исполнети со тешкотии, најголеми жртви од војната се децата, кои се најпогодени од тешките услови за живот во кампот и свесни за она што се случува, се во исчекување заедно со своите семејства.
Наоколу може да се видат деца кои си играат по шините со камчиња, оние кои времето го минуваат запознавајќи се со нови другарчиња во кампот, деца кои си играат со играчките подарени од волонтерите и оние останати во шаторите кои не се двојат од своите мајки, потоа деца кои собираат дрва за огрев во шаторите и деца кои чекаат ред да земат храна за своето семејство.